| Оркестар „Пеце Атанасовски“ |
|
|
| Вести |
|
|
| 15.12.2005 |
Термините за следниот час на школата за чалгија се во сабота 17.12.2005 со почеток во 12.00 часот за инструменти и 13.30 часот за пеење. |
| 08.12.2005 |
Првиот час на школата за чалгија ќе се одржи во сабота 10.12.2005 година, во студиото на Оркестарот Пеце Атанасовски, по следниот распоред |
| 05.12.2005 |
Почитувани учесници на школата за чалгија!
Изминатиот викенд екипа од Оркестарот и Профундус беа во Турција со цел да набават чалгиски инструменти. Заради таа причина првиот час е поместен за следната сабота 10.12.2005. Сите кои се појавија на аудиција ќе бидат навремено информирани телефонски или по електронска пошта. |
| 15.11.2005 |
После двете аудиции, организацијата на Бидичалги донесе одлука сите кои се појавија на аудиција да започнат со часовите за чалгиска музика. Со тек на време ќе биде направена селекција во која ќе влезе само одреден број на кандидати од кои ќе се формира чалгискиот оркестар. Школата за чалгија започнува со теоретска настава на 01.12.2005. Кандидатите ќе бидат дополнително известени. |
| 10.11.2005 |
Втората аудиција за Бидичалги ќе се одржи на 12.11.2005 во просториите на ОПА, по следниот распоред. |
| 01.11.2005 |
За сите оние кои аплицираа за учество на школата за чалгија до 01.11.2005, аудицијата ќе се одржи на 05.11.2005 (сабота) по следниот распоред.
Останатите кои ќе аплицираат во текот на оваа недела ќе бидат дополнително информирани за втората аудиција. |
| 26.10.2005 |
Заради големиот број на заинтересирани кои имаат желба да бидат учесници на школата, терминот за аплицирање ќе биде продолжен уште една недела. Оние ке сакаат да дојдат на аудиција, треба задолжително да ја пополнат следната апликација и да ја испратат по пошта на ул. Костадин Кирков 3/2, 1000 Скопје или на e-mail адреса lena@profundus.com.mk најдоцна до петок 04.11.2005.
Датумот за аудиција е поместенза следната сабота, 05.11.2005. Аудицијата ќе се одржи во студиото на ОПА, ул. Вера Јоциќ бр. 11, нас. Кисела Вода, Скопје. Апликантите ќе бидат дополнително информирани во колку часот ќе се претстават. За какви било информации во врска со аудицијата контактирајте не на телефонскиот број 02/31 11 992 секој работен ден од 09 до 16 часот. |
|
| Историјат |
|
|
| Оркестарот за традиционални инструменти „Пеце Атанасовски“ е формиран во 1997, од неколкумина ученици кои што ја посетуваа школата на познатиот гајдаџија и познавач на македониската изворна музика, Пеце Атанасовски. Во 1997. година Оркестарот се трансформира во Сдружение на граѓани со цел за зачувување и презентација на Македонската традиционална музика. |
Пеце Атанасовски беше долгогодишен водач на Оркестарот на народни инструменти при Македонската Радио Телевизија, со кој што има направено прему 9000 снимки. Исто така, вонреден професро на Универзитетот во Оксфорд, Осака и Упсала, добитник на Златната гајда на меѓународниот натпревар во Ериче, Италија, и лауреат на фестивалот во Сан Франциско. |
|
|
 |
| |
|
|
| Исто така, други професори на школата која што ја водеше Пеце Атанасовски беа и Миле Брзанов, етномузиколог, Благоја Десковски, виолинист, курс по нотација, Никола Цветковски, најстариот но, исто така, и еден од најдобрите кавалџии во Македонија, и Вања Лазарова, која што ја подучувапе женската пејачка група кој што е дел од Оркестарот. |
| Цел |
| Главна цел на оркестарот е да го артикулира духот на македонскиот народ изразен преку традиционалната музика како трајна вредност, но и да ја изрази индивидуалната креативност на секој член низ призмата на современоста. |
|
|
 |
| Активности / Проекти |
|
|
| 2005/2006 |
Проект „Жива традиција - поврзување на чалгијата со современата македонска музика“ во соработка со издавачката куќа Профундус, поддржано од Амбасадата на Кралството Холандија, МРТВ, Радио Равел и Канал 77 |
| 2004 |
ЦД „Калдрма“ во соработка со членовите на String Forces |
| 2003 |
започнување со работа на почетна школа за Македонски изворни инструменти |
| 2002/2003 |
реализација на материјалот за ЦД „Блазе тебе Шаин ѕвездо“ на Рајна Спасовска, во соработка со Профундус. Ова ЦД е прво од серија на изданија со изведувачи од различно етничко потекло (во границите на нивните фолклорни традиции) |
| 2002 |
гостување на членови на оркестарот во реализација на материјалот на Бакош Апрад, "Experience - The Eastern Winds" |
| 2001 |
учество на неколку проекти на Советот за Радиодифузија |
| 1999/2001 |
интензивна работа на реализација на материјалот за првото самостојно, самонасловено ЦД |
| 1999 |
настап на етно-фестивалот во Фалун, Шведска, како и учество на работилниците во рамките на фестивалот |
| 1999 |
организација на Концерт за толеранција насловен како „Согласие“, со настапи на реномирани изведувачи-представници на сите етнички групи |
| 1999 |
учество на етно-камп во Словенија |
| 1998 |
концерт на Етнографскиот музеј во Белград |
| 1997 |
Промотивен концерт |
|